FYI, вчера 3 април 2013 година, потпишан е Анекс кон меморандумот за
соработка со НУБСК - Национална Установа Национална и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охрдиски“ - Скопје , преку кој НУБСК ги стави на
располагање преводите на англиски јазик на делата од едицијата 130 тома
македонска книжевност, наведени во списокот подолу. Делата се
отстапуваат под лиценцата
НаведиИзвор-Некомерцијално-СподелиПодИстиУслови 3.0 (CC BY-NC-SA 3.0).
За истите НУБСК има обезбедено согласност од авторите да бидат објавени
на вен страните сопственост на фондацијата Викимедија.
Овие дела наскоро ќе бидат подигнати на Commons од страна на Викимедија
Македонија во pdf формат, додека на en.wikisource.org ќе бидат подигнати
текстовите во ASCII формат.
Ова е голема можност доколку имате потреба од референцирање во статиите
на википедија, во било кое јазично издание, директно да референцирате
кон on-line изданијата подигнати на викимедиините сајтови.
Поздрав,
Димче Грозданоски
On 25.03.2013 09:44, Dimce Grozdanoski wrote:
> Еве го и комплетниот список на книги кој ќе биде ставен на располагање.
>
> Ако некој може да лобира кај авторите/имателите на авторски права/ на
> останатите дела од едицијата 130 тома, би било одлично.
>
> Поздрав,
> Димче,
>
> 1. Илија Велев, Кн. 1 Македонска книжевност : IX-XVIII век, MACEDONIAN
> literature : 9-18 century
> 2. Георги Сталев, Кн. 2 Просветителството во Македонија, The
> ENLIGHTENMENT in Macedonia
> 3. Марко Китевски, Кн. 3 Македонски народни умотворби, MACEDONIAN folklore
> 4. Георги Старделов, Кн. 8 Основоположници на современата македонска
> поезија, FOUNDERS of modern macedonian poetry
> 5. Стале Попов, Кн. 9 Калеш Анѓа, Swarthy Angja
> 6. Ѓорѓи Абаџиев, Кн. 10 Пустина, Desert
> 7. Славко Јаневски, Кн. 12 Тврдоглави, The unrelenting
> 8. Јован Бошковски, Кн. 13 Солунските атентатори, The Salonika bombers
> 9. Мето Јовановски, Кн. 17 Будалетинки, Cousins
> 10. Србо Ивановски, Кн. 18 Посегање по чудесното, Reaching for the magic
> 11. Матеја Матевски, Кн. 19 Прогонети од рајот, Banished from paradise
> 12. Симон Дракул, Кн. 21 Белата долина, The white valley
> 13. Димитар Солев, Кн. 22 Кратката пролет на Моно Самоников, The short
> spring of Mono Selfsprout
> 14. Јован Срезовски, Кн. 24 Вода, Water
> 15. Благоја Иванов, Кн. 25 Кораби, Sailing ships
> 16. Љубен Ташковски, Кн. 26 Од премудрата тишина, From the silence
> that is too wise
> 17. Владимир Костов, Кн. 27 Свадбата на Мара, Mara's wedding
> 18. Методија Фотев, Кн. 28 Големите скитачи, The great wanderers
> 19. Петар Ширилов, Кн. 29 Црноборје, Blackwoods
> 20. Јован Котески, Кн. 31 Сончева белегија, Necklace made of sunshine
> 21. Бранко Варошлија, Кн. 32 Последниот лет на птицата селица, The
> last flight
> 22. Петар Т. Бошковски, Кн. 37 Некој ме уми, Someone's thinking of me
> 23. Михаил Ренџов, Кн. 38 Храм. Молитви, Temple. Prayers
> 24. Оливера Николова, Кн. 39 Вежби за Ибн Пајко, Variations for Ibn Pajko
> 25. Радован Павловски, Кн. 40 Заштитна повелба, Protective charter
> 26. Јован Павловски, Кн. 41 Само понатаму во височините, Onwards,
> towards the heights
> 27. Иван Чаповски, Кн. 42 Црни соколи, бели меглени, Black hawks,
> white meglen lands
> 28. Влада Урошевиќ, Кн. 43 Непредвидени прошетки, Unpredicted strolls
> 29. Богомил Ѓузел, Кн. 44 Остров на копно, An island on land
> 30. Чедо Јакимовски, Кн. 49 Не будете ме ноќва, Do not awake me tonight
> 31. Гордана Бошнакоска, Кн. 50 Бесконечното, The infinite
> 32. Христо Крстевски, Кн. 51 Ветришта над Равен, Winds over Raven
> 33. Луан Старова, Кн. 52 Татковите книги, My father's book
> 34. Светлана Христова Јоциќ, Кн. 53 Направи едно чудо, Do a miracle
> 35. Тања Урошевиќ, Кн. 54 Аквамарин, Aquamarine
> 36. Ристо Ѓ. Јачев, Кн. 56 Сивите гребени, Gray ridges
> 37. Зоран Ковачевски, Кн. 57 Аристотел од Ресен, Aristotle from Resen
> 38. Ристо Василевски, Кн. 58 Чувар на полето, Guardian of the field
> 39. Димитар Башевски, Кн. 59 Бунар, The well
> 40. Митко Маџунков, Кн. 60 Кон другата земја, Towards the other land
> 41. Тодор Чаловски, Кн. 61 Ѕидање сон, Building a dream
> 42. Ефтим Клетников, Кн. 63 Ангелот од Курбиново, The angel from Kurbinovo
> 43. Петре Бакевски, Кн. 64 Небесен оган, Celestial fire
> 44. Васе Манчев, Кн. 66 Шупливи ореви, Hollow walnuts
> 45. Ристо Лазаров, Кн. 67 Жива рана, Open wounds
> 46. Глигор Стојковски, Кн. 72 Капката оловна вода, The lead waterdrop
> 47. Милош Линдро, Кн. 73 Раз-градба, De-construction
> 48. Милован Стефановски, Кн. 74 Висока вода, High water
> 49. Весна Ацевска, Кн. 75 Мартинки, Martinki,
> 50. Вера Чејковска, Кн. 78 Отсуството на Благиот II, The absence of
> the mild
> 51. Младен Србиновски, Кн. 81 Приказни од долна земја, Stories from
> lower land
> 52. Иван Џепароски, Кн. 82 Волја за мисла, Will for thought
> 53. Славе Ѓ. Димоски, Кн. 83 Поле. Бојно поле?, Field. Battle field?
> 54. Братислав Ташковски, Кн. 84 Хаос под небото, Chaos under the sky
> 55. Ермис Лафазановски, Кн. 86 Егзотична кантата, Exotic cantata
> 56. Јовица Тасевски-Етернијан, Кн. 91 Синтакса на светлината, Syntax
> of the light
> 57. Веле Смилевски, Кн. 92 Современа македонска поезија, CONTEMPORARY
> Macedonian poetry
> 58. Раде Силјан, Кн. 93 Македонски раскази, MACEDONIAN short stories
> 59. Светлана Христова Јоциќ, Кн. 94 Романи за деца (I), CHILDREN'S novels
> 60. Светлана Христова Јоциќ, Кн. 95 Романи за деца (II), CHILDREN'S novels
> 61. Томе Арсовски, Кн. 98 Парадоксот на Диоген, Paradox of Diogenes
> 62. Ана Стојаноска, Кн. 101 Современа македонска драма, CONTEMPORARY
> macedonian drama
> 63. Милан Ѓурчинов, Кн. 103 По трагите на смислата и убавината,
> Following the trail of meaning and beauty
> 64. Георги Старделов, Кн. 104 Херменевтика на новата македонска
> книжевност, Hermeneutics of the contemporary macedonian literature
> 65. Раде Силјан, Кн. 105 Книжевна критика, MACEDONIAN literary criticism
> 66. Иван Џепароски, Кн. 106 Македонскиот есеј, MACEDONIAN essay
> 67. Луан Старова, Кн. 109 Koha e dhive, The time of the goats
>
> On 25.03.2013 08:57, Zana strkovska wrote:
>> Одлично :)
>>
>> Жане
>>
>>
>> _______________________________________________
>> Wikimedia-mk mailing list
>> Wikimedia-mk(a)lists.wikimedia.org
>> https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/wikimedia-mk
>
Cross-posting to all lists
Здраво на сите,
Би сакал да започнам дискусија во врска со т.н. Отворено владино
партнерство, посебно после скоро одржаната конференција на тема „Користа
на отворените податоци“ што се одржа во Скопје, во организација на
Министерството за информатичко општество и администрација и
Канцеларијата на Светската Банка во Република Македонија. [1]
Посебно ме интересира дали нашите заедници сметаат дека можат на било
каков начин да се вклучат во ова партнерство, кои податоци би сакале да
ги видат, дали е можно истите да се искористат и дали некој можеби има
конкретни планови за нивна понатамошна ре/употреба.
----
[1] http://mio.gov.mk/?q=node/3221
Поздрав,
Димче Грозданоски
Викимедија Македонија
Доколку има некој кој е заинтересиран за оваа конференција, слободно
нека се регистрира.
-------- Original Message --------
Subject: Invitation to the Eighth International Conference e-Society.mk
- Покана за осмата Меѓународна конференција е-Општество.мк
Date: Wed, 31 Oct 2012 17:06:45 +0100
From: e-Society <contact(a)e-society.org.mk>
To: <dimce.grozdanoski(a)gmail.com>
*Осма меѓународна конференција
е-Општество.мк*
*14-15 ноември, 2012**
**Хотел Холидеј Ин, Скопје, Македонија*
English version <#en>
*Покана за учество на меѓународна конференција***
//
Почитувани,
Во име на Организацискиот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете
учество на *осмата меѓународна конференција е-Општество.мк*, која оваа
година ќе биде на темата: *„Отворено образование за отворено општество –
Да го споделиме знаењето!“*, а ќе се одржи на *14 и 15 ноември* во
хотелот *Холидеј Ин* во Скопје, Македонија.
Темите ќе овозможат размена на досегашни искуства, како и идеи и
препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со
употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување.
Првиот ден ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни
ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови
за нивниот развој во државите во регионот. Покрај тоа, една сесија ќе
биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а
особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за
развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.
Вториот ден ја проширува темата, отворајќи ги прашањата за градење
заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која
се насочува високото образование. Исто така, ќе се анализира улогата
која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои
служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.
Конференцијата е поддржана од Фондации Отворено општество и Фондацијата
отворено општество – Македонија.
Ве покануваме да го пријавите вашето учество на конференцијата.
Регистрацијата ќе биде отворена *до **10 **часот****на 12****ноември
(понеделник)*.
Сите детали за конференцијата, како и агендата
<http://e-society.org.mk/docs/Agenda_MK.pdf> и формуларот за
регистрација
<http://e-society.org.mk/index.php?option=com_fabrik&view=form&fabrik=5&rand…>
ќе ги најдете на:
*www.e-society.mk <http://www.e-society.mk>***
За дополнителни информации Ви стоиме на располагање преку е-пошта
(contact(a)e-society.org.mk) или на телефон 02/3109 325.
Организатори на настанот:
Поддржувачи:
Open Society Foundations
*
*******
*Eighth*
*International Conference***
*e-Society.Mk*
*November **14**-**15**, 2012
**Holiday Inn Hotel, Skopje, Macedonia*
**
*Invitation for International Conference Participation *
Dear Sir/Madam,
On behalf of the organizing committee, we have the honor to invite you
to take part in the *Eighth International Conference e-Society.Mk* which
this year addresses the topic *“Open Education for an open society –
let’s share the knowledge!"* and will take place on *November 14-15* at
the *Holiday Inn hotel* in Skopje, Macedonia.
Topics will enable exchange of experiences, as well as ideas and
recommendations for the future development of education, supported by
the use of new technologies and the concept of free sharing.
The first day of the conference will focus on topics related to open
educational resources and open access, and the legal and institutional
preconditions for their development in the countries of the region. In
addition, one of the sessions will be dedicated to the use of software
in formal education, especially open source software. The first day will
conclude with recommendations for development and innovations that can
be incorporated in the educational process.
During the second day, we will cover the issues of building online
communities and the Open University concept as an idea intended for
higher education. We will also analyze the role of the civil society
sector in the process of creating resources used in both formal and
informal education.
The conference is supported by the Open Society Foundations and the
Foundation Open Society - Macedonia.
We invite you to register as a conference participant.Registration will
be open until*November 12^th (Monday) 10:00 a.m.*
All conference details, as well as the conference agenda
<http://e-society.mk/docs/Agenda_EN.pdf>and registration form
<http://e-society.org.mk/index.php?option=com_fabrik&view=form&fabrik=5&rand…>
are available at:
*www.e-society.mk <http://www.e-society.mk>***
For further information, please contact us via e-mail
(contact(a)e-society.org.mk <mailto:contact@e-society.org.mk>) or
telephone 02/3109 325.
Event organized by:
Supporters:
Open Society Foundations
На ЦИЕ конференцијата во Белград, Викимедија Србија презентираше за
нивните активности во поглед на Википедија во училиштата. Ова беше една
од поинтересните сесии на конференцијата.
Би сакал да посочам за оние кои не се во тек дека Викимедија Србија има
добиено и грант [1] од фондацијата во висина од 1250 евра. Со оглед на
тоа што и Викимедија Македонија има слични активности по факултетите
дали сметате дека и ние би можеле да аплицираме за грант за оваа намена?
Има ли некој заинтересиран кој би сакал да се вклучи на некој начин во
овие активности?
[1]
https://meta.wikimedia.org/wiki/Grants:WM_RS/Wikipedia_in_Schools_2012-2013
Димче
Една од најголемите интернет библиотеки и извор на огромен број
информации, Википедија, е во опаѓање, и ѝ се заканува пропаѓање.
Секогаш ќе има работа на неа, но од 2007 година, скоро и да нема важни
статии објавени на Википедија. Има сè повеќе читатели, но тие сè помалку
додаваат статии тврди уредникот и историчар на сервисот, Ричард Јенсен.
Во пролетта 2012 година, 3.300 уредници придонеле со 100 текстови
месечно, што е за 31 отсто помалку од 2007 година, кога таа бројка била
4.800. Проблем ќе биде доколку трендот продолжи, па и со намалена грижа
за содржините на Википедија.
Доколку Википедија сака да ги задржи своите уредници, треба да ги држи
заинтересирани. Јенсен верува дека постои решение. Тој смета дека треба
да се посветат повеќе ресурси за уредниците, нивно стипендирање на
универзитети, конференции, курсеви и други образовни програми, за
дополнително да ги подобруваат статиите и да го шират знаењето.
http://plusinfo.mk/vest/63857/Vikipedija-pred-propagjanje
На сајтот mk.wikimedia.org направив драфт верзија на Програмскиот план
за 2013 година на Викимедија Македонија. Слободно може да се вклучите во
разработката на планот. Идејата е транспарентно и навремено да се
пристапи кон изработка на програмскиот план.
Секако тука е и планот за 2012 година, кој сеуште не е реализиран. Може
и тука да дадете свои видувања.
[1]
http://mk.wikimedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%…
Поздрав,
Димче Грозданоски
Ако добро разбрав, овој мисли дека ние имаме „проблеми со името“ на организацијата па дека затоа се реагира. Слободан, ќе беше интересно да ја видиш неговата реакција кога случајно би го прекрстил во „Стево Тошевски“, па да ја видиш неговата „идентитетски конципирана“ реакција.
:-)
Поздрав
From: vikipedija-bounces(a)lists.softver.org.mk [mailto:vikipedija-bounces@lists.softver.org.mk] On Behalf Of Slobodan Jakoski
Sent: 24 September 2012 14:43
To: Dimce Grozdanoski
Cc: Internal mailing list for Wikimedia Macedonia; дискусии за Википедија на македонски; wikimk-l(a)lists.wikimedia.org
Subject: Re: [Vikipedija] [Wikimedia-mk] Fwd: Re: SVETO TOEVSKI, DEUTSCHE WELLE
Facepalm.
Здраво, Слободан:
Ви благодарам за мејлот. Сметам дека не треба да ви паѓа во очи една незначителна грешка за името на вашата организација, ниту да ви пречи фактот што сум искористил само две реченици од една ваша изјава, која ми ја дадовте лани во една друга пригода и навистина не за Дојче Веле. Статијата воопшто не е предоминантно „идентитетски“ концепирана, туку како што вие наведувате во својот текст, во кој јас поместив повеќе од вашата изјава специјално за ДВ. Мислам дека бев во функција на вашите напори за растежот на Википедија, што и претставуваше цел на оваа статија.
2012/9/24 Dimce Grozdanoski <dimce.grozdanoski(a)gmail.com>
„Викимедија – „Вики-Македонија“, кај го најде ова?
Има уште многу работи кои немаат врска. Еве прилика да се реагира до dw за да се поправи сликата која Свето ја пласира во јавноста.
Кој му даде да биде новинар/дописник на Свето? :)
On 24.09.2012 10:53, Slobodan Jakoski wrote:
Стварно не разбирам како може да напише вака:
Потпрeтседателот на „Вики-Македонија“ Слободан Јаќоски вели: „Без
никаков проблем успеавме во 2010 година во Фондацијата во Сан
Франциско, да се регистрираме како ’Викимедија – ВикиМакедонија’,
под уставното име на Република Македонија.
Јас ова никогаш не сум го рекол. Комунициравме по e-mail и не постои некој ваков запис од моја страна. Не знам и како го утнал името Вики-Македонија кога експлицитно му пишав неколку пати како се викаме.
Поздрав,
2012/9/24 Dimce Grozdanoski <dimce.grozdanoski(a)gmail.com <mailto:dimce.grozdanoski@gmail.com>>
На следниов линк, http://www.dw.de/dw/article/0,,16254961,00.html
може да проследите интересен напис од Свето Тоевски за Википедија ...
_______________________________________________
Vikipedija mailing list
Vikipedija(a)lists.softver.org.mk
<mailto:Vikipedija@lists.softver.org.mk>
http://lists.softver.org.mk/listinfo/vikipedija
--
Слободан Јаќоски
http://nmp.com.mkhttp://mk.wikipedia.orghttp://flavrsavr.deviantart.com
_______________________________________________
Wikimedia-mk mailing list
Wikimedia-mk(a)lists.wikimedia.org
https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/wikimedia-mk
--
Слободан Јаќоски
http://nmp.com.mkhttp://mk.wikipedia.orghttp://flavrsavr.deviantart.com