Cross-posting to all lists
Здраво на сите,
Би сакал да започнам дискусија во врска со т.н. Отворено владино
партнерство, посебно после скоро одржаната конференција на тема „Користа
на отворените податоци“ што се одржа во Скопје, во организација на
Министерството за информатичко општество и администрација и
Канцеларијата на Светската Банка во Република Македонија. [1]
Посебно ме интересира дали нашите заедници сметаат дека можат на било
каков начин да се вклучат во ова партнерство, кои податоци би сакале да
ги видат, дали е можно истите да се искористат и дали некој можеби има
конкретни планови за нивна понатамошна ре/употреба.
----
[1] http://mio.gov.mk/?q=node/3221
Поздрав,
Димче Грозданоски
Викимедија Македонија
Една од најголемите интернет библиотеки и извор на огромен број
информации, Википедија, е во опаѓање, и ѝ се заканува пропаѓање.
Секогаш ќе има работа на неа, но од 2007 година, скоро и да нема важни
статии објавени на Википедија. Има сè повеќе читатели, но тие сè помалку
додаваат статии тврди уредникот и историчар на сервисот, Ричард Јенсен.
Во пролетта 2012 година, 3.300 уредници придонеле со 100 текстови
месечно, што е за 31 отсто помалку од 2007 година, кога таа бројка била
4.800. Проблем ќе биде доколку трендот продолжи, па и со намалена грижа
за содржините на Википедија.
Доколку Википедија сака да ги задржи своите уредници, треба да ги држи
заинтересирани. Јенсен верува дека постои решение. Тој смета дека треба
да се посветат повеќе ресурси за уредниците, нивно стипендирање на
универзитети, конференции, курсеви и други образовни програми, за
дополнително да ги подобруваат статиите и да го шират знаењето.
http://plusinfo.mk/vest/63857/Vikipedija-pred-propagjanje
На сајтот mk.wikimedia.org направив драфт верзија на Програмскиот план
за 2013 година на Викимедија Македонија. Слободно може да се вклучите во
разработката на планот. Идејата е транспарентно и навремено да се
пристапи кон изработка на програмскиот план.
Секако тука е и планот за 2012 година, кој сеуште не е реализиран. Може
и тука да дадете свои видувања.
[1]
http://mk.wikimedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%…
Поздрав,
Димче Грозданоски