Cross-posting to all lists
Здраво на сите,
Би сакал да започнам дискусија во врска со т.н. Отворено владино
партнерство, посебно после скоро одржаната конференција на тема „Користа
на отворените податоци“ што се одржа во Скопје, во организација на
Министерството за информатичко општество и администрација и
Канцеларијата на Светската Банка во Република Македонија. [1]
Посебно ме интересира дали нашите заедници сметаат дека можат на било
каков начин да се вклучат во ова партнерство, кои податоци би сакале да
ги видат, дали е можно истите да се искористат и дали некој можеби има
конкретни планови за нивна понатамошна ре/употреба.
----
[1] http://mio.gov.mk/?q=node/3221
Поздрав,
Димче Грозданоски
Викимедија Македонија
Доколку има некој кој е заинтересиран за оваа конференција, слободно
нека се регистрира.
-------- Original Message --------
Subject: Invitation to the Eighth International Conference e-Society.mk
- Покана за осмата Меѓународна конференција е-Општество.мк
Date: Wed, 31 Oct 2012 17:06:45 +0100
From: e-Society <contact(a)e-society.org.mk>
To: <dimce.grozdanoski(a)gmail.com>
*Осма меѓународна конференција
е-Општество.мк*
*14-15 ноември, 2012**
**Хотел Холидеј Ин, Скопје, Македонија*
English version <#en>
*Покана за учество на меѓународна конференција***
//
Почитувани,
Во име на Организацискиот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете
учество на *осмата меѓународна конференција е-Општество.мк*, која оваа
година ќе биде на темата: *„Отворено образование за отворено општество –
Да го споделиме знаењето!“*, а ќе се одржи на *14 и 15 ноември* во
хотелот *Холидеј Ин* во Скопје, Македонија.
Темите ќе овозможат размена на досегашни искуства, како и идеи и
препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со
употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување.
Првиот ден ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни
ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови
за нивниот развој во државите во регионот. Покрај тоа, една сесија ќе
биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а
особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за
развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.
Вториот ден ја проширува темата, отворајќи ги прашањата за градење
заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која
се насочува високото образование. Исто така, ќе се анализира улогата
која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои
служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.
Конференцијата е поддржана од Фондации Отворено општество и Фондацијата
отворено општество – Македонија.
Ве покануваме да го пријавите вашето учество на конференцијата.
Регистрацијата ќе биде отворена *до **10 **часот****на 12****ноември
(понеделник)*.
Сите детали за конференцијата, како и агендата
<http://e-society.org.mk/docs/Agenda_MK.pdf> и формуларот за
регистрација
<http://e-society.org.mk/index.php?option=com_fabrik&view=form&fabrik=5&rand…>
ќе ги најдете на:
*www.e-society.mk <http://www.e-society.mk>***
За дополнителни информации Ви стоиме на располагање преку е-пошта
(contact(a)e-society.org.mk) или на телефон 02/3109 325.
Организатори на настанот:
Поддржувачи:
Open Society Foundations
*
*******
*Eighth*
*International Conference***
*e-Society.Mk*
*November **14**-**15**, 2012
**Holiday Inn Hotel, Skopje, Macedonia*
**
*Invitation for International Conference Participation *
Dear Sir/Madam,
On behalf of the organizing committee, we have the honor to invite you
to take part in the *Eighth International Conference e-Society.Mk* which
this year addresses the topic *“Open Education for an open society –
let’s share the knowledge!"* and will take place on *November 14-15* at
the *Holiday Inn hotel* in Skopje, Macedonia.
Topics will enable exchange of experiences, as well as ideas and
recommendations for the future development of education, supported by
the use of new technologies and the concept of free sharing.
The first day of the conference will focus on topics related to open
educational resources and open access, and the legal and institutional
preconditions for their development in the countries of the region. In
addition, one of the sessions will be dedicated to the use of software
in formal education, especially open source software. The first day will
conclude with recommendations for development and innovations that can
be incorporated in the educational process.
During the second day, we will cover the issues of building online
communities and the Open University concept as an idea intended for
higher education. We will also analyze the role of the civil society
sector in the process of creating resources used in both formal and
informal education.
The conference is supported by the Open Society Foundations and the
Foundation Open Society - Macedonia.
We invite you to register as a conference participant.Registration will
be open until*November 12^th (Monday) 10:00 a.m.*
All conference details, as well as the conference agenda
<http://e-society.mk/docs/Agenda_EN.pdf>and registration form
<http://e-society.org.mk/index.php?option=com_fabrik&view=form&fabrik=5&rand…>
are available at:
*www.e-society.mk <http://www.e-society.mk>***
For further information, please contact us via e-mail
(contact(a)e-society.org.mk <mailto:contact@e-society.org.mk>) or
telephone 02/3109 325.
Event organized by:
Supporters:
Open Society Foundations
На ЦИЕ конференцијата во Белград, Викимедија Србија презентираше за
нивните активности во поглед на Википедија во училиштата. Ова беше една
од поинтересните сесии на конференцијата.
Би сакал да посочам за оние кои не се во тек дека Викимедија Србија има
добиено и грант [1] од фондацијата во висина од 1250 евра. Со оглед на
тоа што и Викимедија Македонија има слични активности по факултетите
дали сметате дека и ние би можеле да аплицираме за грант за оваа намена?
Има ли некој заинтересиран кој би сакал да се вклучи на некој начин во
овие активности?
[1]
https://meta.wikimedia.org/wiki/Grants:WM_RS/Wikipedia_in_Schools_2012-2013
Димче