Една од најголемите интернет библиотеки и извор на огромен број
информации, Википедија, е во опаѓање, и ѝ се заканува пропаѓање.
Секогаш ќе има работа на неа, но од 2007 година, скоро и да нема важни
статии објавени на Википедија. Има сè повеќе читатели, но тие сè помалку
додаваат статии тврди уредникот и историчар на сервисот, Ричард Јенсен.
Во пролетта 2012 година, 3.300 уредници придонеле со 100 текстови
месечно, што е за 31 отсто помалку од 2007 година, кога таа бројка била
4.800. Проблем ќе биде доколку трендот продолжи, па и со намалена грижа
за содржините на Википедија.
Доколку Википедија сака да ги задржи своите уредници, треба да ги држи
заинтересирани. Јенсен верува дека постои решение. Тој смета дека треба
да се посветат повеќе ресурси за уредниците, нивно стипендирање на
универзитети, конференции, курсеви и други образовни програми, за
дополнително да ги подобруваат статиите и да го шират знаењето.
http://plusinfo.mk/vest/63857/Vikipedija-pred-propagjanje